Министерството за надворешни работи во Скопје денеска соопшти дека претходно не било информирано за промоцијата на новата трговска марка на Грција именувана како „Macedonia the Great“. Таа, како што во Солун најави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, ќе ја носат сите грчки производи кои потекнуваат од северна Грција, односно од регионот на Македонија. Според нашето МНР, ваквиот едностран начин за решевање на прашања кои според Преспанскиот договор треба да се решаваат заедно, ја поткопува меѓусебната доверба. Прашањето треба да се реши преку Меѓународната експертска група во рок од три години од потпишувањето на договорот од Преспа, стои во соопштението.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...