Армијата на Македонија набргу може да се соочи со недостиг на воени пилоти, поради тоа што заинтересираноста за оваа професија опаѓа и не може да се заменат тие што се пензионираат. Ова го потврди и министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска за време на посетата на Центарот за обука на млади пилоти. Таа додаде дека со актуелниот капацитет, Армијата не може да придонесува со пилоти во НАТО.

Следниот конкурс за млади пилоти ќе се одржи на почетокот на октомври. Во овој центар, во следните шест месеци ќе се обучат и пилоти од армијата на Полска, потоа и на Бугарија. Министерката Шеќеринска соопшти дека за да ги охрабри младите да ја изберат оваа професија, Владата одлучила кандидатите кои ќе бидат примени, за време на обуката во Центарот за млади пилоти, да добиваат и целосна плата. Во однос на модернизацијата на Армијата, министерката Радмила Шеќеринска вели дека планот усвоен од Собранието за инвестиции во Армијата и ќе има брзи ефекти.

Mefail Ismaili

Loading...

Shpërndaj me

Loading...