Зимата се ближи и граѓаните веќе знаат со што ќе ги грејат своите домови во текот на студените месеци, секако пресметувајќи што е поприфатливо од финансиски аспект. Има од нив кои претпочитаат да бидат потрадиционални и користат дрва за греење, некои дури сметаат дека тоа е најекономично, бидејќи како што велат од греење на струја сметките на крајот на месецот се високи.

„Со дрва. Пет метри, четири метри приближно трошам. Секогаш сее се грееле на дрва или сте користеле и струја? Секогаш“.

„Со што можеме. Актуелно со дрва“.

„Со струја. Ви доаѓаат скапи сметки? Доаѓаат, но што да правиме“.

„Со струја. Ние имаме и централно греење, но тоа го вклучуваме кога температурите се многу ниски, минус 15 или минус 20. Вака се грееме со клима“.

„Централно греење користам јас. Јас живеам во Аеродром“.

Од друга страна, надлежните преку разни мерки се обидуваат да го намалат греењето на дрва и тоа да го заменат со електрична енергија или централно греење за да се намали загадувањето на воздухот. Акцентот на Владата е ставен на греењето ос инвертер, што според нивната анализа е најекономично.

Месечен износ за греење за 60 м2 со:
Инвертер 11.734 ден
Дрва 18 586 ден
Пелети 26 010 ден
Панели 35 831 ден
Нафта 43.038 ден

Многу продавачите на дрва не сакаа да зборуваат пред камерите, но се жалат дека побарувачката опаднала во последниве две до три години. Годинава имало голем интерес, но ќе нема доволно дрва за цела Македонија. Само во Скопје се трошат 317 илјади тони дрва за греење за една година, а во целата земја околу 1 милион и 100 илјади кубни метри. Од Владата велат дека 40% од дрвјата се незаконски исечени.

Еви Шкопи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...