САД ги поддржуваат преговорите меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името и се подготвени да помогнат, но не можат да наметнат решение. Помошникот на американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел за време на престојот во Скопје истакна дека решението треба да го најдат двете страни.

Вие ќе ја гледате САД силно ангажирана во овој процес, ќе ме гледате мене и администрацијата ангажирана за да им помогне на двете страни. Истовремено, сфативме дека единственото одржливо решение е тоа што ќе го постигнат само двете страни. Во тој контекст, ги охрабруваме и очекуваме да ги видиме чекорите кои ги преземаат Македонија и Грција. Ние сакаме да бидеме поддржувачи на соодветен начин. Ова не е одлука што ние можеме да ја преземеме за Вас, или за Грците. Мислиме дека сте на вистинскиот пат и Ве охрабруваме’, изјави Вес Мичел, помошник на американскиот државен секретар за Европа и Евроазија

По средбата со Мичел, премиерот Зоран Заев изјави дека преговорите се во финална фаза и дека во случај на потреба, тој ќе побара помош од американските пријатели.

Наследникот на Хојт Ји прашан за коментир околу најавите за уставни измени, изјави дека Македонија направила многу за време на преговорите. Заев пак истакна дека очекува во април земјата да добие чиста препорака за почеток на преговорите за зачленување во ЕУ а во јули, покана за членство во НАТО.

Анеса Салиу

Shpërndaj me