Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва ја соопшти одлуката на неговата партија за референдумот за името на 30 септември, а тоа e секој граѓанин да постапи според сопственото убедување.

„ВМРО-ДПМНЕ, по консултации со граѓаните, за апстиненција или да се гласа против, и со оние помалку што беа да се поддржи договорот, донесовме одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување. Секој да донесе одлука што смета дека најдобра за своето семејство и за Македонија. На донесенaта одлука сите ќе поклониме и тоа е тоа“, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ е за членство во ЕУ и НАТО. Република Македонија не смее да има поинаква иднина, но сме против Договорот – рече Мицкоски.

„Договорот за името не го прифаќаме. Ние сме против овој договор оти се менува уставот на Македонија, националниот идентитет, патните исправи, личниот идентитет. Се прифаќа ревидирање на културата. Сето ова е спротивно со нашите ставови. Тоа јас нема да го правам оти е неодговорно“, рече меѓудругото лидерот на партијата на вечерашната прес-конференција.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...