Лаги од епски размери, така лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја оценува прес конференцијата на премиерот Зоран Заев одржана денеска во владата на Република С.Македонија. Во своето излагање Мицкоски рече дека Заев на синоќешната средба се борел да ги заштити своите и криминалите на неговите блиски соработници и да управува со правните случаи.

Мицкоски рече дека за нив било неприфатливо предложениот раководител на новото обвинителство за висок криминал, кој треба да дојде по предлог на најголемата опозициска партија, да се избира меѓу десетмината обвинители од сегашното СЈО во случај предлогот од опозицијата да не добие поддршка од партиите на власт.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...