На чествувањето на празникот Илинден, во струшкото село Ташмаруништа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека Илинден е природниот стремеж за своја држава на секој Македонец, потсетувајќи на имињата на револуционерите и на  нивните дела.

Тој во говорот се осврна и на актуелната политичка состојба во Македонија.

„Гледаме како премиерот и естаблишментот околу него силно се удираат во гради дека биле за ЕУ, а демек сите останати кои не ја споделуваме нивната капитулација, не сме биле за ЕУ. Да не знаевме со кого си имаме работа може и некој ќе им поверуваше, а вака сето тоа удирање во гради за Европската Унија завршува во секундата кога ќе се подели некој тендер во здравството, или државна помош на фирмата на вицепремиерот, па затоа за да се одбегне јавноста кругот ќе се прошири со фирми на нивните кумашини. ЕУ не почитува такви политичари. И затоа, колку и да се удираат во гради дека биле за ДА, толку повеќе луѓето во Македонија ќе им кажат големо НЕ, доста е!“, рече Мицкоски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...