Договорот со Грција е лош, а власта молчи за штетните последици од него. Ова се главните поенти од говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на протестниот собир во Штип. Првиот опозиционер повтори дека нема да ги повика граѓаните ниту да излезат ниту да не излезат на гласање на 30-ти септември.

Овие зборови Мицкоски ги кажа на крајот од 35 минутниот говор, кој го почна со клекнување пред насобраните, на бината. Јавниот настап во значиелен дел беше фокусиран против договорот со Грција и зачувување на името Македонија, но тие аргументи ги користеше за генерална критика на Владата.

Иако ВМРО-ДПМНЕ одбива да ги повика граѓаните дали да гласаат или да бојкотираат, активностите на партијата на терен ќе продолжат. Според најавите од Штип, опозицијата ќе продолжи со собири и маршеви и низ други градови низ Македонија.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...