По Заев и Мицкоски смета дека ултиматумот од Бугарија е несфатлив за 21 век. Најновата т.н. „рамковна позиција“ на Бугарија беше дел од говорот на Мицкоски на денешната средба со жители на скопски Карпош. Тој смета дека разочарувачки е односот на Бугарија, кој не е европска вредност, но за тоа вели дека придонела и анационалната политика на Заев.

Подложни сме на уцени, на условувања, на национал-романтични барања. Навистина не можам да го разберам, но крајно сум разочаран, бидејќи кога се потпишуваше Договорот за добрососедство, ние бевме како народ, како нација, како граѓани на Македонија, убедувани дека со ова се надминати сите пречки, дека ќе немаме никакви условувања во процесот на преговори од нашиот источен сосед, но гледаме дека тоа не било вистина, тоа било голема лага која Зоран Заев тогаш ни ја продаде -изјави Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Заев, од Куманово денеска вели дека Договорот со Бугарија не е мртов. Тој останува оптимист оти и за новите условувања од Бугарија постои решение.

Јасно и е на европска Бугарија, на 21.век и на нив им е јасно дека идентитетските прашања треба низ рамките на Договорот да бидат конечно потврдени. Во самиот Договор се зборува за двата народа. Значи, се зборува за двата народи и меѓусебното признавање на народите. Нашите идентитетски прашања се заокружени, тие се веќе впишани во личната карта на Обединетите Нации, признаени се од сите, верувам дека и оа прашање ќе го надминеме и ќе го решиме -рече Зоран Заев, Премиер.

Бугарија ќе поддржи отпочнување на преговори на Македонија со ЕУ, но за завршување на процесот поставува низа услови. Софија очекува Скопје да се воздржи од барањата за признавање на македонско малцинство во Бугарија, да се отстранат таблите и натписите од споменици, спомен плочи и згради кои содржат квалификации како „бугарски фашистички окупатор“. Понатаму, се бара земјава да го осуди југословенскиот комунистички режим, комисиите што побрзо да постигнат договор за Гоце Делчев, за ВМРО и за Илинденското востание. За македонскиот јазик, Бугарија ќе инсистира Европската Унија да ја користи формулацијата „службен јазик на Република Северна Македонија“. Ваквите барања преку отворено писмо ги осудија група интелектуалци и од Бугарија и од Македонија.

Алсат

Loading...

Shpërndaj me

Loading...