Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повикал сите пратеници во седиштето на партијата со објаснување дека ќе се одржи седница на Извршниот комитет.

Претходно од партијата обвинија дека од страна на власта и од премиерот Заев се вршат жестоки притисоци за обезбедување мнозинство за гласање за уставните измени.

Инаку, во изјава за „Дојче веле“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека останува на претходно кажаните ставови и не очекува други пратеници да ги прифатат уставните измени за промена на името.

Од партијата велат дека во текот на денот тие ќе одржуваат постојани состаноци на кои ќе се разговара за актуелната состојба.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...