Треба да бидеме внимателни при донесувањето одлука во врска со законот за игри на среќа, рече во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Јован Митрески од СДСМ.

„Станува збор за околу 7.500 вработени, станува збор за околу 200 милиони евра промет во тие компании, според информации со кои располагаме. Второ имаме примери до Косово и Албанија каде што се случи тоа, но тој бизнис продолжува на црно. Ем државата губи во поглед на даноци ем тие што се вработени ниту се пријавени, ниту осигурени, значи, мора да сме внимателни“, рече Митрески.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...