Некои бизарни митови за исхраната се се уште актуелни и луѓето веруваат во нив. Овие шест митови се далеку од вистината:

1. Гумите за џвакање и системот за варење
Ако ја голтнавте гумата за џвакање, не паничете. Многумина веруваат дека на гумата за џвакање и требаат седум години за да искочи од телото. Лекарите велат дека ова не е вистина.

2. Јадењето по 20 часот и губењето килограми
Постои мит според кој доколку избегнувате храна по 20 часот, ќе ослабете. Оброците навечер се проблематични ако јадете големи колични висококалорична храна. Оброците по 20 часот не се поврзани со слабеење.

3. Јајцата и холестеролот
Според последните истражувања, редовното конзумирање јајца не го зголемува ниту холестеролот ниту ризикот од срцеви заболувања.

4. Морковите и видот
Морковите навистина содржат витамин А кој е добар за видот, но тоа не значи дека со нив ќе го поправите лошиот вид.

5. Правилото 3 секунди
Многумина веруваат дека храната која паднала на подот и понатаму останува чиста доколку ја кренете во рок од 3 секунди. Ова едноставно не е вистина и ризикувате да се заразите со разни бактерии.

6. Јаболките ги чистат забите
Во митот дека јаболките ги чистат забите има дел вистина, но редовното миење на забите со паста и нивното чистење со конец е задолжително.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...