Во пристаниште на хрватскиот остров Хвар денеска пристигнал брод на кој е пронајден едем мртов маж и четири лица во тешка здравствена состојба. Како што пренесува „Далмација денес“, станува збор за лица со италијанско државјанство, од кои две деца, кои веднаш се пренесени во одделението за заразни болести во сплитската болница.

Како што се наведува, мажот бил мртов кога пристигнала брзата помош и немало шанса за негова реанимација.

Сѐ уште не е потполно јасно што е причина за трагедијата. Истрагата е во тек.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...