Темната страна на месечината не е само име на албумот на “Пинк Флојд” од 70-тите години. Таа е исто така цел на неколку вселенски организации заинтересирани да дознаат дали страната на Месечината којашто не можеме да ја видиме е поразлична од онаа што ја гледаме од Земјата. Кина веќе пројави интерес и годинава нивната сонда „Чанге“ успешно слета на мрачната страна на нашиот природен сателит. Врз основа на нивните првични наоди, се чини дека темната страна на Месечината, всушност, е дом на некои непознати минерали. Во наодите објавени од „Нејчр“, се посочува дека кинескиот ровер открил материјали за коишто се верува дека може да им помогнат на научниците подобро да разберат како се формирале Земјата и Месечината. Податоците сѐ уште се во фаза на анализа, но веќе се изразува уверување дека откритието на минералите е големо достигнување самото по себе.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...