Папата Франциск ќе ја одржи мисата на плоштадот Македонија во Скопје во 11:30 часот на 7 ми мај. Во литургискиот простор ќе можат да влезат само граѓаните со обезбедена влезница од Католичката црква и документ за лична идентификација и тоа само во периодот од 6 до 9 часот, по што пристапот на плоштадот ќе биде забранет. Ова се само дел од деталите за историската прва посета на Папата во земјава, кои денеска ги соопштија премиерот Зоран Заев, бискупот Киро Стојанов и државниот секретар во МНР Виктор Димовски.

„Предвидени се места и за седење, околу 2,000. Останатиот дел ќе бидат места за стоење. Меѓутоа, водено е сметка во рамките на координативното тело разгоарано е, ќе има пунктови кои ќе обезедат на граѓаните да се снабдуваат со вода за да можат, доколку има потреба, да ги надоместат тие потреби“, рече Виктор Димовски – државен секретар во МНР.

Премирот Зоран Заев се осврна на важноста на посетата која ја нарече историска. Причините што Папата решил да ја посети земјата, според него, е 25 годишнината од дипломатските односи, чевстувањето на Св. Кирил и Методиј во Ватикан но и фактот што Скопје е родниот град на светицата Мајка Тереза.

На него се надоврза и бискупот Киро Стојанов, кој ги повика и верниците и граѓаните на плоштадот.

„Среќни ли генерации на граѓани сме ние кога овие денови во апостолска посета ни доаѓа светиот отец и кога таинството на црквата барем неколку часа ќе се случува меѓу нас, до таа мера што таа стварност ќе биде допирлива и видлива. Затоа, ве повикувам вас а молам со вас, да таа апостолска посета биде навистина дар на милоста и историски настан а не  само нешто што е сензација или манифестација“, рече Киро Стојанов- бискуп на скопската бискупија.

Папата ќе стигне во Северна Македонија рано на 7 мај со специјален лет. На аеродромот ќе го пречека претседателот Ѓорѓе Иванов и потоа двајцата ќе упатат во Вила Водно. Таму папата ќе има одвоени средби со семејството на Иванов, потоа и со премиерот Заев и семејството, по што ќе се обрати пред државниот врв, претставници на дипломатскиот кор и невладините организации.

Подоцна, во спомен-куќата на Мајка Тереза ќе се сретне со верските лидери во земјата, а предвидени се активности и со сиромашните граѓани и дијалог со младите од различни вероисповести. Зависно од временските услови, можно е Папата да го прошета центарот на градот со автомобил.

Loading...

Shpërndaj me



Loading...