Една нова студија открива дека дури и самиот мирис на кафе е доволен за подобра работа на мозокот. Во тестирањата кои ги спровеле научниите од Стивенс институтот за технологија во Њу Џерси, се покажало дека луѓето кои престојувале во просторија со мирис на кафе, имале подобри резултати на тестовите, бидејќи мозокот реагирал исто како да конзумирале кофеин.

За кафето веќе и порано се сметаше дека го намалува ризикот од срцеви заболувања, го поттикнува метаболизмот и ја намалува шансата од прерана смрт. Тоа е потврдено во низа студии од кои, оваа последната опфати половина милиот возрасни лица од Британија.

Новото истражување се базира на своевидниот плацебо ефект. Испитани се учесниците што мислат за разните мириси, па се покажало дека луѓето веруваат дека на нив просториите кои мирисаат на кафе делуваат стимулативно, за разлика од просториите без или цветен мирис.

Попрецизно, научниците тестирале студенти кои полагале испит по алгебра. Групата на студенти која тестовите ги решавала во просторијата со мирис на кафе постигнала подобри резултати од другата група која решавала тестови во соба без мирис.

Човечкиот мозок, препознавајќи го познатиот мирис на кафе реагира на многу сличен начин како кога кафето се испие. Кофеинот е стимуланс, што значи дека го активира мозокот и средишниот нервен систем, го намалува заморот и ги брави луѓето побудни и пофокусирани на задачи.

Неодамнешните истражувања исто така покажале дека кафето го намалува ризикот од депресија, го поттикнува помнењето и штити од Алцхајмерова болест.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...