16 општини со ромско население добија три милиони денари од Министерството за локална самоуправа за подобрување на инфраструктурните услови во рамки на подготвените акциони планови.

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, рече дека Ромите се дискриминирани во многу области. Според него, инвестициите за оваа популација треба да бидат континуирани и со поголеми средства.

Меѓу општините што ги добиле овие средства се: Прилеп, Куманово, Чаир, Битола, Дебар и Тетово. Локалната самоуправа ветува дека оваа сума ќе се зголеми на 10 милиони денари следната година.

Melihate Rustemi

Loading...

Shpërndaj me

Loading...