Откако вчера Министерството за економија се прогласи за ненадлежно за издавање дозволи за увоз на тутун, денеска и Царинската управа се обиде да ја отргна вината од себе. Финансиската полиција, на денот на акцијата кога беа конфискувани 12 тони тутун во Љуботен, посочи дека сомнеж дека лица вработени во овие институции се дел од мрежата за шверц, но во полза на истрагата, не откри детали.

Царинска управа:

„Царинската управа не дава дозвола за увоз на тутун, но вршиме контрола на количината, праведното распределување на тарифите на стоките кои се увезени, вклучувајќи ги тука и стоките за кои се дава дозвола или друг сертификат од надлежните институции. Во случајот со тутунот, контролата се врши од ангажираните институции за таа работа, предвидено со законот за тутун и неговото производство.”

Освен финансиски криминал и царински малверзации, постои сомневање дека шверцуваниот тутун не влегувал само преку зелениот појас на границата, туку и преку царинските терминали. Финансиската полиција дури денеска поднесе барање до Државниот инспекторат за земјоделство за вештачење на тутунот кој беше запленет минатата недела во Љуботен. Директорот на овој инспекторат, Благоја Индов изјави дека овој инспекторат е надлежен за верификување на видот на тутунот и давање лиценца за купување и одгледување на тутунот.

Од јавното обвинителство велат дека се во постојана комуникација со Финансиската полиција за текот на истрагата, но досега нема ниедна кривична пријава за осомничените лица вклучени во шверцот. Неколку дена по претресот на осомничените физички лица на 13 локации во Скопје, Финансиската полиција изврши контроли и компаниите, Контрактор трејд, Нид фор Спид, Урбан логистик, ЛРБ Фреш и Урбан транс, кои се осомничени дека илегално увезувале тутун од видот Вирџинија кој е забранет на пазарот во земјата.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...