Наплатата во буџетот по основ на личен доход е зголемена за 17,4 насто како резулт на прогресивното оданочување. Според министерот за финансии, Драган Тевдовски, тоа значи дека даночната реформа која стартуваше од почетокот на годината – и покрај критиките, дала резултати. Тевдовски не кажа колку повеќе пари се собрани во буџетот од зголемувањето на персоналецот од почетокот на годината откако на самиот старт беа проектирани дополнителни 25 милиони евра годинава. Како резултат на оваа реформа Тевдовски тврди дека се зголемила вработеноста, посебно кај младите, пораснале платите пред сè во ИТ секторот.

„Иако, пред воведувањето на праведниот данок во јавноста беше изразена загриженост дека праведното оданочување ќе ја намали вработеноста, се случи сосема спротивното, односно само за едно тримесечје бројот на вработени е зголемен за 17 илјади лица“, изјави министерот Тевдовски.

Според Тевдовски тврдењата дека прогресивното оданочување ќе ја блокира економијата се покажало погрешно, со фактот што БДП во првиот квартал порасна за 4,1 насто. Прогресивниот данок од 18% за приходи над 90 илјади денари стартуваше од 1 јануари годинава. Бизнис-заедницата алармираше дека е воведен без консултација на бизнисот и бараа негово одложување за пет години.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...