Министерот за локална самоуправа Горан Милески е на иста линија со пратениците на власта кои вчера во Собранието предложија законски измени со кој ќе им се овозможи на општините уште повеќе да трошат. И Милевски, како и народните избраници, вели дека лимитираните средства во општинските каси, се причина за намалена реализација на проекти на локално ниво. Според него, потребен е друг заштитен механизам кој ќе ги чува граѓаните од евентуални луксузирања на градоначалниците.

„Јас би апелирал до актуелните градоначалници да водат сметка да нема понатамошни задолжувања на буџетот. Меѓутоа ова ограничување кое што беше на 10 отсто, навистина го кочеше развојот на општините“, вели министерот Милевски.

Станува збор за одбранбениот механизам што го донесе екс-министерот за финансии Драган Тевдовски, а кој спречуваше општините да не продолжат да трупаат нови долгови. Но, наместо општините своите годишни проекции на приходите да ги проектираат со раст од најмногу 10 отсто од просечното трошење во последните три години, сега пратениците на ДУИ и СДСМ предлагаат да се троши и до 30 отсто повеќе од тригодишниот просек. Борче Ѓорѓиевски кој е прв човек на Советот за развој на Скопскиот плански регион вели дека актуелното порестриктивно законско решение им било наметнато.

„Секој обезбеден сигурен приход, кој ќе гарантира и во приходната и во расходната страна дека имаме добар проект за реализација, тој мора да помине. А, не можеме да заборавиме дека паралелно ги враќаме и старите долгови“, рече Борче Ѓорѓиевски, претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион.

И покрај финансиската помош од централната власт, голем дел од општините и натаму тонат во милионски долгови. Но, власта сега смета дека на локалните власти им недостасуваат пари за реализација на проектите, па затоа планира да им дозволи да си проектираат уште погломазен буџет.

Иле Петревски

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...