Кривичниот суд бара Обвинителството кривично да го гони новинарот Миленко Неделковски за објавување службена тајна – дело за кое е предвиден затвор од три месеци до пет години. Судот испратил известување до ОЈО дека Неделковски на својата фејсбук страница, објавил видео од судењето каде е обвинет за говор на омраза.

Неделковски инсистирал процесот против него да се снима, а ЦД – то со видео материјалот, кога му бил предаден од судските служби, го објавил.

Од Кривичен потенцираат дека аудио и видео записот може да се користи единствено за судски потреби, но никако не смее да се ре-објавува. Инаку Миленко Неделковски е обвинет за говор за омраза на социјалната мрежа фејсбук откако напиша статус за пожарите во Атина лани во јули.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...