ДУИ даде поддршка за Законот за ЈО договорен во Владата, а не за некој друг текст, рече Изет Меџити од ДУИ во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“, на Алсат. Запрашан да даде појаснување на моментите кога ДУИ излезе со став дека верзијата што се доставила во Собранието нема да ја гласа Меџити вели:

„Ние баравме да се врати верзијата за која се договоривме во Владата, бидејќи тоа го бараат и правните норми, не може едно да помине на Влада, а друго во Собранието ако нема друга постапка и амандмани. Затоа ние рековме, ако не се врати тоа, ние нема да го поддржиме. Потоа се надмина ситуацијата со враќање на тој Закон кој помина на Владата, истиот да биде доставен во Собранието каде ние ќе дадеме поддршка како што го поддржавме во Владата“, рече Меџити.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...