Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е горда што ја има можноста да биде првиот премиер кој ја посетил Македонија во последните 25 години. Меј се осврна на предизвиците со кои се соочува регионот и изрази надеж дека земјите од Западен Балкан ќе останат амбициозни во обезбедувањето на мирна и просперитетна иднина.

“Знам дека конфликтите од минатото можат да бидат невозможни за надминување, многу тешки прашања остануваат нерешени како внатрешните конфликти, организираниот криминал, илегална миграција итн. Мора да соочиме со предизвиците од минатото и да останеме амбициозни во обезбедувањето на мирна и просперитетна иднина”, изјави Меј.

Таа додаде дека со правилна политичка волја може да се постигне голем напредок.

“Можете да видите што се случи овде во Македонија само неколку месеци по парламентарните избори веќе дојде до големи промени и владата веќе пружа рака кон своите соседи и се ангажира за наоѓање решение за името. Решението ќе донесе чисти придобивки и за двете земји и можете да сметате на поддршката од Обединетото Кралство на овој пат”, истакна Меј.

Shpërndaj me