Мечка во Њу Џерси не можеше да одолее на мирисот од свежи колачи оставени во еден автомобил, па затоа го скрши стаклото од возилото и ги изеде сите колачиња.

Слаткарката Кристин Ален вели дека мечката ги изела сите колачи со чоколадо, ванила и јагоди кои ги подготвила еден ден порано по нарачка на муштерија.

Нејзиното куче го приметило “крадецот” и ги разбудил Кристен и нејзиниот сопруг, но било предоцна бијдеќи кафената мечка веќе заминувала.

Ален вели дека сака локалните власти да и го заштитат имотот, но никако не сака да ја убијат мечката.

Таа дури припреми колачи во чест на мечката.

Shpërndaj me