Во пресрет на дискусиите во Советот на ЕУ околу новата методологија за проширување предложена од Франција, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и вицепремиерот Бујар Османи ги разменија првите впечатоци. Според нив, фактот што Париз освен оценката на земјите членки, сака да ја слушне и на Скопје, што докажува инклузивност на процесот и ги отфрла сите шпекулации дека Франција не го поддржува зачленувањето на земјата во ЕУ.

„Ние не гледаме друга можност за интеграција на Западниот Балкан освен вистинска можност, а не само да дадеме датум и да чекаме 20 – 30 години. Ние сакам нешто операционално. Сега, тоа ќе го дискутираме и со останатите земји членки. Ние би сакале работите да бидат регулирани уште на почетокот на 2020 година и да бидеме подготвени пред самитот затоа што ова е лимитот на нашите напори“-рече Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција

Османи го оцени позитивно пристапот, кој според предложената методологија, државите кандидати ќе го имаат кај структурните фондови и можноста за учество во работните тела на ЕУ. Реверзибилноста и стриктното мониторирање, вели Османи, ќе го помогнат забрзувањето на процесот на зачленување.

„Документот предвидува полноправно зачленување и ништо помалку од полноправно членство како конечна цел на процесот на преговори и ова ги исклучува од дебатата сите разговори за можни алтернативи на проширувањето. Оваа методологија, доколку се усвои, предвидува и дополнителни мерки, но предвидува и пристап до структурните фондови“-изјави Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

Франција очекува методологијата која содржи седум фази да се усвои во 2020 година и како таква да вреди за сите држави кандидати, вклучувајќи и ги и Црна Гора и Србија кои ги почнаа прговорите.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...