Луѓето патуваат и одат на одмор поради различни причини. Некои сакаат мир и тишина, а некои забава и авантури.

Ако спаѓате во групата луѓе кои се зависници од адреналин, треба да посетите барем едно од овие возбудливи места.

9. Капелата на коските, Португалија

Оваа капела се наоѓа во Евора, Португалија, и е еден од најпознатите споменици на градот. Капелата го добива своето име од внатрешните ѕидови кои се покриени и украсени со човечки черепи и коски. Таа е изградена во 16 век од монах кој сакал да посочи дека животот е краток.

8. Шумата Хоја, Трансилванија

Оваа шума се наоѓа во Трансилванија и е позната по разни приказни за паранормални активности. Според легендата, шумата го добила името по еден пастир кој заедно со животните исчезнал во густата магла без знаци на напад.

7. Ридот на крстовите, Литванија

Ридот на крстовите е свето место во Литванија каде луѓето поставуваат крстови со верување дека тоа ќе им донесе среќа. Точниот број на крстови е непознат, но се проценува дека има над 50 илјади.

6. Ел Каминито дел Реј, Шпанија

Ел Каминито дел Реј или во превод “Малата патека на кралот” е патека во Шпанија изработена од бетон и метални шини која се наоѓа многу високо, а е широка само еден метар.

5. Висечките ковчези, Сагада

Сагада е туристичка атракција бидејќи оваа територија порано била дел од океанот. Погребот во висечките ковчези е многу стара традиција, а според легендата ковчезите на карпите претставуваат скалила меѓу земјата и рајот.

4. Енсиеро, Шпанија

Енсиеро е многу стара традиција во Шпанија која вклучува бегање од бикови кои се пуштени на слобода. Ова е се уште популарна форма на забава во многу села во Шпанија. Најпопуларниот “трка со бикови”се одржува во Памплона за време на фестивалот Сан Фермин.

3.Капуцинските катакомби, Италија

Во Палермо, Италија, постојат катакомби каде се закопани над 8 илјади лица. Во 18-19-тиот век, ова место станало луксузно место за погребување на свештенството и буржоаските семејства. Катакомбите официјално биле затворени во 1882 година.

2. Потонатиот брод на Соломоновите острови

Во 2000 година, брод за крстарење од Либерија заглавил во близина на Соломоновите Острови во Тихиот Океан. Ниту еден од патниците не бил повреден, но немало начин да се спаси самиот брод, па станал дом за риби и други морски суштества.

1.Гробиштата на автомобили, Белгија

Oва место изгледа како сцена од филм за зомби апокалипса, но всушност е вистинско место во Белгија. Урбаната легенда вели дека автомобилите се на американските војници кои заминале по Втората светска војна.

 

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...