Некои од местата каде што беше снимен познатиот филм „Игра на тронови“ од следната година ќе бидат отворени за љубителите на филмското платно. Некои од најпознатите места, меѓу кои и „Винтерфел“ се наоѓаат во Северна Ирска. Сега, ХБО се обидува да го зачува „наследството“ на филмот, претворувајќи некои од местата каде бил снимен филмот во туристички атракции.

Инаку за „Игра на тронови“ заврши снимањето на последната сезона која се очекува да се прикаже следната година. Во новата сезона фактички ќе се види крајот на епската бајка на семејствата кои се бореа за власт во имагинарниот свет на Вестерос. Ѕвездите на филмот, вклучувајќи ги Емилија Кларк, Кит Харингтон, Софи Тарнер и Натали Дормер, во Северна Ирска снимаа околу десет години. Исто така, американската филмска компанија за љубителите на филмот сака да ги отвори и архивите.

Loading...

Shpërndaj me