На капитенот на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси, му се заканува сериозна казна поради критики упатени кон раководството на Јужноамериканската фудбалска конфедерација, КОНМЕБОЛ, пишуваат шпанските медиуми.

Напаѓачот на Барселона по поразот од Бразил во полуфиналето на „Копа Америка“, беше исклучително бесен, па рече дека натпреварот е наместен за да може Бразил да го освои трофејот. Поради низа навредливи изјави тој би можел да се соочи од суспензија од терените во траење до две години, пренесува „Ас“.

Како што наведува истиот извор, ако 32 годипниот фудбалер биде казнет со најстрога казна, нема да може да им помогне на „гаучосите“ во квалификациските мечеви за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

По неуспехот во полуфиналето Меси ги критикуваше судиите дека ниту една спорна ситуација на теренот не ја провериле со ВАР технологијата, а раководството на КОНМЕБОЛ го обвини за корумпираност.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...