Германската канцеларка Ангела Меркел го нарече својот руски колега Владимир Путин „победник“ на самиот на „Нормандиската четворка“ во Париз, пишува рускиот весник „Комерсант“.

„Денеска ти победи…“ ги цитира „Комерсант“ зборовите кои Меркел му ги упатила на Путин.

Германската канцеларка, наводно, оваа фраза ја соопштила додека оделе на заедничката прес конференција.

Новинарите наведуваат дека заклучокот на Меркел бил изнесен „без посебна радост“

Канцеларката, во целина, била задоволна од резултатите на состанокот. Таа за германскиот весник „Судојче Цајтунг“ (Süddeutsche Zeitung)  изјавила дека работите се „ придвижиле од мртва точка“.

На 9 декември во Париз беше оддржан првиот самит на „Нормандиската четворка“, по три години пауза, на кој учествуваа Владимир Путин, Ангела Меркел, Емануел Макрон и првпат во овој формат и новиот украински претседател Володомир Зеленски. Потоа беше оддржана и билатералната средба меѓу Зеленски и Путин.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...