Британија, Франција, Германија, но и други членки на ЕУ, веруваат дека не е исправно да се откажат од договорот со Иран во сегашната ситуација, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

“Овој договор е се освен идеален”, рече Меркел и нагласи дека агенцијата на ОН за надгледување на нуклеарното вооружување потврдила дека Иран се придржува до условите од договорот.

Во врска со односите меѓу ЕУ и САД германската канцеларка рече дека би можеле да настанат разлики како на пример дипломатски спор околу договорот со Иран.
“Наспроти сите тешкотии кои ги имаме овие денови, трансатлантските односи се и мораат да бидат од најголема важност”, истакна Меркел

 

Shpërndaj me