Германската канцеларка, Ангела Меркел, утре ќе пристигне во рускиот град Сочи каде ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин. Ова е веќе вторпат Меркел да доаѓа во Сочи за само две недели, што би можело да сугерира на позитивен развој на односите меѓу Русија и Германија во моментите кога доаѓа до нарушување на односите меѓу ЕУ и САД.

Потсетуваме дека Меркел го посети Сочи на почетокот на месецов, што беше прва нејзина посета на Русија по 2014 година. Една недела подоцна, американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека САД се повлекуваат од нуклеарниот договор со Иран и покрај големото спротивставување на Европа.

Ваквата ситуација би можела по подолго време да оди од рака на затоплување на односите меѓу Русија и Европа. Интересно е дека причина за таквото приближување е самиот претседател на САД, Доналд Трамп, односно неговите потези, а ако наскоро воведе и повисоки царини за европските производи, па дури и санкции заради трговијата со Иран, би можело да се очекуваат сè попозитивни односи меѓу Европа и Русија, но и Европа и Кина.

Shpërndaj me