Во вечерашната дебата во емисијата „Патот кон“ на Алсат, на адресата на високиот функционер на ДУИ, Невзат Бејта, стигнаа обвинувања од Ремзи Мемеди од Алијансата за Албанците дека како партија на последните предвремени парламентарни избори ги мотивирале албанските гласачи да гласаат за СДСМ.

„Вие сте една декада со режимот на Груевски и сега сте, но овој пат со анархијата на Заев. Рековте дека вие мотивирате, вие само служите сите останати да учат, колку вие сте го демотивирале ова општество. Вие не мотивирате да се излегува на избори, вие принудувате. Вие мотивиравте десетици илјади гласови да завршат кај македонските партии, конкретно кај Зоран Заев. Вие мотивиравте да заминат стотици илјади млади Албанци од овие краишта. Заминуваат не само тие кои не се вработени, туку душа им извадивте и на тие кои наводно се вработени во администрација, со вашите принудувања и притисоци. Вие ги демотивирате г-н Бејта, еве последен случај имаме во едно избирачко место во Зајас во првиот круг на претседателските избори беа уфрлени повеќе од 200 гласа и никој за тоа не одговараше“, рече  Ремзи Мемети од Алијансата за Албанците.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...