Во Законот се случија промени и на партијата ѝ треба време да го разгледа и да донесе конечна одлука дали ќе го прифати предложениот Закон за Јавното обвинителство, рече во вечерашното гостување во емисијата Патот кон на Алсат, Ремзи Мемеди од Алијанса за Албанците.

„Ние сме во консултации и со меѓународниот фактор и со експерти внатре што ги имаме во политичката академија, но и со други органи и со надворешни експерти и секако дека брзо ќе излеземе со конечен став околу Законот. Не е дека ние сме го промениле ставот, тоа е како последица на тоа што се смени нешто во Законот, затоа ние сега треба повторно да го разгледаме тоа и да излеземе со конечен став“, рече Мемеди.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...