Непознат напаѓач смртно го застрела кандидатот за пратеник во мексиканскиот парламент, Фернандо Пурон, додека тој по завршувањето на политичката дебата позираше за селфи со своите поддржувачи.

Напаѓачот му пришол на Пурон од зад грб и го застрелал во главата.

Мотивите за нападот не се познати, иако Пурон и претходно добивал смртни закани.

За време на дебатата, непосредно пред убиството, Пурон вети борба против организираниот криминал.

 

Shpërndaj me