Советникот за национална безбедност на САД, Херберт Рејмонд Мекмастер изјави денеска дека постои воена опција против Северна Кореја, но тоа не е изборот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Според него, САД се приближуваат до крајната граница на она што можат да го постигнат санкциите и дипломатијата во однос на нуклеарната програма на Пјонгјанг.

Мекмастер на брифинг во Белата куќа, придружуван од американската амбасадорка во ОН Ники Хејли, истакна дека Северна Кореја моментно е еден од најитните и најопасните безбедносни проблеми во светот.

Тој нагласи дека претседателот на САД Доналд Трамп, шефот на јужнокорејската држава Мун џае-ин и јапонскиот премиер Шинѕо Абе ќе се сретнат следниот четврток на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...