Медузата е еден од најголемите азиски деликатеси, но во други делови на светот, баш и не ја конзумираат. Ова животно има облик на отворен чадор, а се карактеризира со тоа што е слузаво, безвкусно и отровно.

Меѓутоа, растот на светската популација и потребите за намалувањето на месото во исхраната или замена за друга храна која бара многу енергија за производство, водно значи дека човештвото мора да измисли нови начини за да се прехрани.

Се чини дека медузата е еден од првите кандидати кои ќе станат основна храна во иднина, првенствено поради тоа што ги има цело мноштво во океаните и морињата. Прекумерниот риболов го намалува количеството на традиционална морска храна, додека медузата е достапна, доаѓа во јата и брзо се размножува. Бројот на медузи само ќе се зголеми во иднина, а за тоа има добра причина.

Медузата, благодарение на климатските промени поради кои океаните стануваат потопли и покисели, во иднина ќе ја има во поголем број. Еден тим на научници од Данска смислил начин како слузавите медузи да се претворат во крцкав чипс за само неколку дена.

Ова, во голема мера е спротивно на традиционалниот начин на подготовка на медузата на азиски начин, т.е. маринада во солена вода и калиум во која се чуваат неколку недели. Но, веројатно ова е така затоа што не би сакале да ја практикуваме закиселената медуза како честа исхрана.

Со помош на два микроскопа, научниците го презентирале начинот на кој лигавата медуза станува тврда и крцкава. Студијата е неодамна презентирана на 62. Biophysical Society Meeting во Сан Франциско.

“Се обидував да јадам медуза затоа што сакав да ја разберам трансформацијата на меката состојка во крцкав чипс кој што може да се јаде. Користејќи етанол, направивме чипс од медузи кој е крцкав и потенцијално може да стане интересен за гастрономијата”, вели Матијас П. Клаусен, од Универзитет во Оденсе.

Овие морски суштества се богати со хранливи материи, вклучувајќи и Б12 витамин, железо, магнезиум, а имаат навистина малку калории. Колку побрзо научниците ќе успеат да ги претворат во храна – тоа подобро. Дури и риболовците ќе имаат дополнителен бенефит од нивното намалување, бидејќи медузите претставуваат опасност за јатата риби кои ги ловат.

Извор: енаука.мк

Loading...

Shpërndaj me

Loading...