Унијата на медицинските сестри во Македонија не го прифаќа зголемувањето на платата за ноќно работење да биде 80 денари. Според нив, тоа е смешно и навредливо. Тие бараат законски измени преку кои нивната работа ќе се смета како дежурство. Денеска тие имаа средба со синдикатот на Клиничкиот центар за да го изразат незадоволството.

Од Унијата се револтирани, бидејќи никој не ги консултирал за оваа одлука.

Освен со плаќање на дежурствата, медицинските сестри се соочуваат и со други проблеми.

Унијата на медицински сестри писмено до Министерството за здравство ќе ги достават барањата за законските измени. Досега од Министерството се без одговор за незадоволствата и барањата на медицинските сестри.

Вјолца Алити

Shpërndaj me

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com