Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 38 возачи од кои: 11 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 18 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, еден возач затоа што бил возач-почетник и 8 останати сообраќајни прекршоци. Исто така, исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се 7.

возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, 10 возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување,11 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, 5 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 67 мандатни платни налози и 40 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле 8 сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 7 лица со телесни повреди.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...