Полицијата допрва ќе истражува дали пожарот во Министерството за правда е подметнат или е несреќен случај. Од МВР велат дека подготвуваат барање до Обвинителството за да им се дозволи вештачење на предмети, прибрани на местото на пожарот.

Министерство за внатрешни работи:

МВР го подготви известувањето кое ќе се прати во Обвинителството за да добиеме наредба на вештачење. Без наредба од Основното јавно обвинителство не може се земат траги за вештачење за да се утврдат причините за пожарот.“

Сè уште нема детали ниту колкава е штетата и што сè проголта огнот. Пожарот кој избувна минататa недела во вторникот, пеплоса четири канцеларии, но целиот четврти кат од министерството е нефункционален. Изгоре и архивата од цел сектор, но од министерството велат дека документацијата биле претходно скенирана и се чува на сервер, па така сите документи, меѓу кои и екстрадиционите предмети, се електронски зачувани.

Министерство за правда:

И да се уништени пишаните документи во дел од архивата на Секторот за меѓународна правна помош, тие се чуваат и во електронска форма во компјутерскиот систем на министерството.“

Вработените од опожарениот дел од денеска се селат во другите катови на министерството.

Shpërndaj me

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com