Безбедносната состојба на подрачјето на Дебар и Центар Жупа е стабилна, а полициски службеници вршат редовни патроли, при што не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди.

Како што информира МВР, непречено се реализираат активностите кон лица што се ставени под мерки за самоизолација, здравствен надзор и домашна изолација.

– По основ на своерачно потпишана изјава за самоизолација и по мерката „здравствен надзор и домашна изолација“, се врши контрола на 164 лица во Дебар. Во општините Дебар и Центар Жупа без проблеми се реализираат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини, велат од МВР.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...