Скопјанецот Убејд Шехази, синоќа го нападнале маскирани лица и го повредиле во стомакот. 20-годишникот вели дека настанот се случил додека одел да пие кафе во еден  локал.

„Зборував на телефон, ме слушнаа дека сум Албанец и дојдоа и ме удрија одзади во вратот со предмет, не знам што беше, јас за среќа му ја фатив раката. Беше околу 21:30 или 22 часот. Бев излезен на кафе. Беа три лица со маски. Отидов до едно друго кафуле и таму се онесвестив“, рече Шехази.

Шехази е во градската болница, надвор од животна опасност. Од МВР го потврдија случајот – велат дека ги преземаат сите мерки за целосно расветлување на случајот и фаќањето на сторителите.

Мелихате Рустеми

Loading...

Shpërndaj me