Во Приштина, многу граѓани, членови на граѓанското општество, политички активисти маршираа барајќи правда на годишнината од смртта на активистот Астрит Дехари. Под мотото „Еден народ за правда“ од плоштадот Скендербег тие дојдоа пред Државното обвинителство, од каде бараа одговорност за смртта на Астрит и нова истрага. Лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти рече дека три години без правда за Астрит се премногу, нагласувајќи ја потребата од нова истрага. Курти, кој победи на националните избори на 6-ти октомври, рече дека Астрит Дехари ќе биде симбол на нивниот отпор. Астрит Дехари првично беше уапсен како осомничен за напад врз косовското собрание, заедно со неколку членови на Движењето Самоопределување. Тој почина додека беше во притвор во затворот во Призрен. Случајот со членовите на Движењето Самоопределување, е вратен на повторно судење, но не е одреден датум.

„Нема вистина за правдата, туку тенденциозна цел која е ставена како приоритет во однос на фактичките податоци. Потребна е нова независна професионална истрага, не само за убиството на Астрит, туку и за тригодишниот процес. Астрит бил убиен од режимот и злосторството врз него е сторено истиот ден кога беше уапсен“, изјави Албин Курти – претседател на Самоопределување.

Алсат

Loading...

Shpërndaj me

Loading...