Марија Анхелика Рамос е тренер веќе 49 години, додека повеќе од 40 години ги поминала во екипата Америка Мими Спортинг од Лима. Нејзините тренинзи ги поминале над 1.000 фудбалери. 92 годишната спортистка е позната како Ла Виеха, односно Старицата, но не дозволила годините да го забават нејзиниот ритам за да работи со младите Перуанци.

„Тука сум повеќе од 40 години, но кога живеев во Баранко имав клуб. Го оставив кога дојдов тука, затоа замислете колку долго се занимавам со овој спорт, не сум добила никаква награда или плата бидејќи само им помагам на децата“, вели Марија Ангелика- Рамос- тренер

Со нејзиниот стил, остар јазик и високи стандарди за дисциплина, таа со години ги привлекува симпатиите на јавноста. Рамос речиси цел живот им го посветила на нејзините мали фудбалери, но никогаш немала свои деца. Во некои носталгични моменти, таа признава дека не требало така да остави да и помине животот бидејќи често се чувствувала сама.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me