Манчестер Сити и официјално е новиот англиски шампион, откако Вест Бромвич, кој беше последен на табелата на Премиер Лигата, сензационално го победи Манчестер Јунајтед со 1-0 на Олд Трафорд во рамки на 34-то коло.

Џеј Родригез го постигна единствениот гол во 73-та минута.

„Граѓаните“ имаат водство од 16 поени пред „црвените ѓаволи“, а двете екипи имаат по пет натпревари до крајот на првенството.

Ова е трета титула за Манчестер Сити во последните седум сезони и прва за тимот под раководство на Пеп Гвардиола.

Shpërndaj me

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com