Пет лица се избодени со нож при напад во трговски центар во градот Манчестер во Велика Британија. Посетителите внатре во трговскиот центар се евакуирани, а јавниот превоз е прекинат. Полицијата не соопштува за можни жртви, а припадници на противтерористичката единица се на местото на настанот. Маж околу 40-те години е приведен поради сомнеж за нападот.

Полициски портпарол потврди дека петтемина повредени се испратени во болница. „Во оваа рана фаза, го држиме отворен мотивот за овој тежок инцидент“, рече тој.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...