„Вработувања во јавниот сектор има и ќе има, но согласно потребите на институциите, не согласно потребите на партиите“, истакна министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски при гостувањето во емисијата „Патот кон…“ на АЛСАТ-М.

„Тука ако го најдеме балансот и го воспоставиме редот, ние ќе немаме проблеми и бројот на вработени ќе продолжи да се намалува. Гарантирам, пред да излезе извештајот и пред да ги собереме бројките дека оваа година ќе имаме помалку и од лани и ако продолжиме во таа насока, ние ќе дојдеме до онаа состојба до која што сакаме.“

Манчевски кажа дека во 2017 година, за првпат после децении има помал број на вработени во јавниот сектор од 2016 година, за околу 1.000 лица.

Loading...

Shpërndaj me