Новата функција заменик директор се однесува само на 12 јавни претпријатија кои што се основани од државата, а не и од општините.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски тврди дека неосновано се направила фама околу последните измени на Законот за јавни претпријатија.

Тој вели дека не се работи за стотици јавни претпријатија како што објавија некои невладини огранизациии, туку само 12 кои со години работат лошо и имаат големи загуби. Вели дека работат на нов Закон за јавна служба каде што ќе се нае конкретно кој што работи.

„Сметам дека искрена е намерата да се подобри работата на одредени јавни претпријатија особено ако тие не функционираат добро. Голем дел од овие јавни претпријатија навистина имаат сериозни пробеми во нивното функционирање и максимално треба да ангажираме кадар за да се подобри нивното функционирање“, рече министерот Манчевски.

Неколку невладини организации вчера побараа повлекување на ова законско решение бидејќи нема сеопфатна анализа за потребата за назначување на заменик директор на јавните претпријатија. Велат дека ако ги опфати сите јавни претпријатија ќе биде дополнителен трошок во Буџетот од околу два милиони евра.

„Доколку перформансот на овие јавни претпријатија е лош прво треба да се евалуира човечкиот фактор, односно директорите, тие да се распуштат ако анвистина не работат добро и да се направи анализа која е додадената вредност на заменик директор наспроти сегашното решение“, изјави Миша Поповиќ, од Институтот за демократија „Социетас цивилис“.

Поповиќ смета дека во предложеното законско решение нема доволно добри критериуми кој може да биде директор и над 100 илјади луѓе ги исполнуваат наведените услови. Група пратеници во Собранието поднесоа иницијатива за измена на Законот за јавни претпријатија со кои бараат создавање на нова дополнителна функција – заменик директор во сите јавни претпријатија.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me