Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во емисијата „Патот кон…“; на АЛСАТ-М, нагласи дека една од суштинските карики за успешно функционирање на јавниот сектор и администрацијата е дигитализацијата на институциите и нивна поедноставна достапност за корисниците на услугите.

„Дигитализацијата е клучот на било која реформа, на било која администрација и јавен сектор во 21 век. Ние многу полесно можеме услугите да ги донесеме до граѓаните, на нивните телефони и уреди, отколку граѓаните физички да ги носиме до услугите на институциите. Но, мораме да имаме ред во хаосот, мораме да го намалиме бројот, да бидат поефикасни и услугите што ќе ги добијат граѓаните да бидат подостапни, поевтини“, рече Манчевски.

Loading...

Shpërndaj me