Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, во вечерашното издание на емисијата „Патот кон…“; на АЛСАТ-М ги откри конкретните реформи од кои граѓаните може да очекуваат своја  директна придобивка.

„Од декември почнува да функционира првата сала, каде што на едно место, во старата дирекција на Комерцијална банка, 9 институции ќе даваат услуги на едно место. 2019 година ова ќе се случи во 10 други градови. Ќе го инсталираме електронскиот регистар на население. Ова ќе значи голема промена во сите функционалности на државата. Ова значи решавање на проблемите со Избирачкиот список, конечно. Воведуваме нов национален портал за електронски услуги, воведуваме електронски идентитет на граѓаните. Ова се, ако ме прашувате мене, клучните реформи“, посочи Манчевски.

Loading...

Shpërndaj me