Правилникот за користење топлинска енергија нема да регулира дали исклучените граѓани од парно ќе плаќаат или нема. И покрај најавите на властите дека со подзаконски акти ќе се реши ова прашање и повеќе нема да има паушални сметки за парно, академиците од МАНУ велат дека ова треба да се реши со Закон, а не со правилник. Од Регулаторната комисија за енергетика сега тврдат дека неколку годишната агонија на исклучените од системот за парно греење ќе заврши до крајот на неделава.

„Законот за енергетика е закон кој што ги регулира односите помеѓу купувачи и продавачи, помеѓу купувачи и потрошувачи. МАНУ предлага, Законот за домување треба да се измени и дополни во насока на тоа, греењето да биде елемент на минималното затоплување, а не на соодветното како што е сега дефинирано. Имено и греењето треба да биде дефинирано како што е и снабдувањето со вода и со електрична енергија“, рече Марко Бислимовски претседател на РКЕ.

И здружението граѓани „Но Пасаран“ ги чуло првичните наоди на МАНУ. Очекуваат конечната одлука да биде во нивна корист. Остануваат на ставот дека правилата кои се донесени пред седум години а предвидуваат плаќање паушал за топлинската енергија која исклучените ја добиваат од соседите се против законски и го кршат уставот.

„Јас би сакал и претседателот на Основен суд два да го контактирате, бидејќи позади него стои група од дваесетина судии кои се вклучени во судските процеси против граѓаните од страна на БЕГ. Ако се донесат нови правила во полза на граѓаните, дефинитивно тогаш судските постапки треба да заземат друг тек“, рече Маријан Ненов „Но Пасaран“.

Академиците предлагаат и да се заострат критериумите за откажување на корисниците од системот за парно греење. Од МАНУ ги препорачуваат европските директиви кои налагаат да биде дозволено исклучување од системот само доколку граѓаните покажат дека начинот на греење кој што ќе го инсталираат во својот дом е енергетски поефикасен во однос на греењето кој што се добиваат од дистрибутивниот систем.

Во Скопје повеќе од 12 илјади домаќинства се откажале од парното греење, но со години плаќаат паушални сметки зависно од квадратурата на станот.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me



Loading...